Претрес во кичевско, пронајдени пушки и муниција

од Nikola Popovski

На 16.08.2023 во 16.00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Ќ.Г.(57) од с.Осој, кичевско.

При претрес во неговиот дом во с.Осој, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени еден ловечки карабин „ЦЗ“, една ловечка пушка, 67 куршуми различен калибар, направа за изработка на патрони, две кутии со метални кугли, 62 парчиња иницијални каписли, ќеса со метални сачми, ќеса со хартиени тапи и две ќеси со зрнеста материја.

Лицето било задржано во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини