160
Во скопско Ласкарци денеска полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Б. (34) од истото село.
Како што соопшти МВР, при претрес во домот на Х.Б., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол, две рамки за пиштол и куршуми.
Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.