Претрес во Охрид, пронајден пиштол и куршуми

од Nikola Popovski

Денеска (15.03.2022) во 12.25 часот на улицата .„Партизански одреди“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Т.А.(36) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол марка „Бровинг“ калибар 7.65 милиметри и 40 куршуми.

За настанот е запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Т.А. ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Слични содржини