Претрес во Прилеп, пронајдена дрога

од Берта Китинска
182 прегледи

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Прилеп – СВР Битола, вчера во Прилеп го лишиле од слобода прилепчанецот Е.Д.(35).

При претрес во неговиот во дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.

Како што денеска соопшти МВР, во текот на вчерашниот ден, полициски службеници го лишиле од слобода и Д.Џ.(35) од Прилеп затоа што при преглед во патничко возило „форд фиеста”, кое го управувал, бил пронајден и одземен амфетамин.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.