441
На 29.04.2021 во 15.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода А.Г.(21) од с.Ораовица, радовишко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, таблети, гасен пиштол марка „Steyr Manliher“ и една дигитална вага, информираат од МВР.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.