Претрес во тетовско, пронајдени оружје и муниција

од Nikola Popovski
188 прегледи

На 13.11.2023 во 15.00 часот во с.Мала Речица, тетовско, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР во содејство со полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од слобода Б.А.(55) од с.Мала Речица.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Берета“, револвер, повеќе куршуми со различен калибар и повеќе делови за пиштол и ловечка пушка. Додека, при претрес во неговото возило „сузуки“ со тетовски регистарски ознаки биле пронајдени и одземени ловечка пушка, повеќе патрони со различен калибар и други предмети.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини