Претрес во велешко, пронајдена ловечка пушка кај пензионер

од Nikola Popovski
181 прегледи

На 05.11.2023 во Велес, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода Л.А.(75) од с.Ореше, велешко.

При претрес во неговиот дом, извршен со наредба на Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „ТОЗ – 63“ калибар 16мм и патрон со калибар 16мм за ловечка пушка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини