Претрес во Зелениково, одземени ловечки пушки и 30 куршуми

од Nikola Popovski
144 прегледи

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера го привеле Д.З.(29) с.Ново Село, општина Зелениково.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една ловечка пушка „Escort Magnum“, еден ловечки карабин „Ceska Zbrojovka“ со оптички нишан, 30 куршуми и шест ловечки патрони, кои ги поседувал без дозвола.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Слични содржини