Претреси и апсења: Финансиската полиција влезе во Прилепската болница

Детали за акцијата од Обвинителството најавија во текот на денот

од Nikola Popovski
29 прегледи Фото: Принтскрин

По наредба на Јавното обвинителство, Финансиската полиција влезе во прилепската болница. Се преземаат дејствија за наводи против повеќе лица за злоупотреби. Според информациите, приведени се повеќе лица поврзани со сомнежи за сторен криминал, со тендери во работењето на здравствената установа. Истрага и за раководни лица, поради злоупотреби со јавни набавки, во вредност од 800-ни илјади евра.

Во април прилепското обвинителство постапуваше во предистражна постапка поради сомневања за кривично дело, злоупотреба на службена положба и овластување. Тогаш беше извршен претрес на осум локации, а дејствија преземаше и Управата за финансиска полиција.

Детали за акцијата од Обвинителството најавија во текот на денот.