177
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта и претседателот на Јувентус – Андреа Ањели се сретнаа во Лас Вегас за да разговараат за проектот за европската „Суперлига“, пренесе каталонски „Спорт“.
Според изворот, една од темите што тројцата директори разговарале меѓу себе е какви промени треба да се направат во проектот за заживување на турнирот.
Како што е познато, на 19 април 2021 година, 12 клубови го објавија создавањето на Супер лигата. Сепак, по протестот на навивачите и заканата со санкции од страна на УЕФА, проектот беше прекинат.