Претседателите на Русија и на Турција ќе присуствуваат на церемонија во врска со Турски тек

од Vlatko K
108 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе допатува во Турција за да учествува на церемонија по повод завршувањето на проектот за поставување на гасоводот Турски тек по морски пат, јави агенцијата Анадолија.

На церемонијата ќе учествува и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Гасоводот Турски тек ќе го транспортира рускиот гас во Турција, а од Турција во Европа. Турски тек се состои од две линии, од кои секоја одделно има годишен капацитет на транспорт на гас од 15,75 милијарди кубни метри, потсетува Анадолија.

Се проценува дека втората линија на проектот би требало да испорачува гас преку Грција кон Италија или преку Бугарија кон Србија. Се планира идната година да започнaт работите на копнениот дел на втората линија.

Рускиот министер за енергетика, Александар Новак, претходно имаше изјавено дека на 1 октомври 2020 година, можно е започнување на проектот за испорака на 31,5 милијарди кубни метри гас низ двете линии на гасоводот.