Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги именува новите членови на Советот за безбедност

од Milan1
59 прегледи

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, согласно своите уставни надлежности, за членови на Советот за безбедност ги именуваше Малинка Ристевска Јорданова – експерт за евроинтеграции, Џевдет Хајредини – поранешен министер за финансии и Владимир Спиридонов – експерт за климатски промени.

Со именувањето на тројцата членови од страна на претседателката Сиљановска Давкова, Советот за безбедност на Република Северна Македонија е во полн состав:

Претседател на Советот за безбедност е претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Членови на Советот за безбедност се:

Африм Гаши, претседател на Собранието,

Христијан Мицкоски, претседател на Владата,

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи,

Владо Мисајловски, министер за одбрана,

Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија,

Џевдет Хајредини,

Малинка Ристевска Јорданова, и

Владимир Спиридонов.

Слични содржини