Претседателката на ЕП заборавила да пријави патувања платени од трето лице

од Stefanija Kuzmanovska
1,9K прегледи

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, заборавила да пријави пет патувања платени од трето лице, како и 142 подароци во регистарот за транспарентност на институцијата што ја води, открија денес белгискиот весник Le Soir и европскиот портал Politiko.

Во јануари 2022 година, Мецола стана првата жена претседател во ЕП по ненадејната смрт на претходниот претседател, Италијанецот Дејвид Сасоли.

Во скандалот „Катаргејт“, со кој се бори Мецола, белгиското правосудство приведе четворица осомничени, меѓу кои и поранешната потпретседателка на парламентот, Гркинката Ева Каили.

Слични содржини