Претседателката на Собранието на Албанија денеска во Скопје, ќе се сретне со Гаши и Филипче

од Nikola Popovski
228 прегледи

Претседателката на Собранието на Албанија, Елиса Спиропали денеска ќе ја посети Македонија, каде ќе се сретне со дел од водечките политички фигури во земјава.

Прес-службата на албанскиот Парламент соопшти дека Спиропали ќе оствари повеќе средби.

Предвидено е Спиропали да се сретне со нејзиниот македонски колега Африм Гаши и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Предвидени се средби и со поранешниот претседател на Собранието и член на ДУИ, Талат Џафери, како и со лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче.

По средбата е предвидено соопштение за медиумите.

Слични содржини