Претседателката на Советот на ЈО со свој став за интерпелацијата за членовите на Судскиот совет избрани од Собранието

од Nikola Popovski
93 прегледи

По најавената иницијатива во Собранието за разрешување на членови на Судскиот совет кои што се избрани во Парламентот, а притоа и во Советот на јавни обвинители има такви членови, претседателката на Советот на ЈО, Душица Димитриеска вели дека не може да се произнесе во тој дел, со оглед на тоа што, како што вели, не е во домен на Советот.

Во случај на интерпелација запрашана дали ќе си даде оставка, Димитриеска го повтори својот став дека не би се „впуштила во моментот понатаму“.

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа интерпелација за работата на 5-те членови на Судскиот совет кои ги избира Собранието. Побарана поддршка од сите опозициски партии. Неодамна владејачкото мнозинство не го прифати извештајот за работата на Судскиот совет за 2023.

-Европската Унија и јавноста постојано укажуваат на сериозни недостатоци во неговата работа во односот на независноста, транспарентноста и отчетноста, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. Очекувале Судскиот совет сам да покрене иницијативи за разгледување на Извештајот.

Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека се надева оти тие ќе поднесат оставки.

-Мислам дека ќе бидат доблесни, доколку се изгласа интерпелацијата, односно доколку заклучокот на пратениците е да има промени таму, тие да си заминат, рече Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање што ќе се случува со Советот на јавни обвинители, кој исто така беше на мета на критики на власта, премиерот вчера рече дека во наредниот период ќе следуваат многу реформи, меѓутоа истакна дека не сака да зборува со заканувачки тон и дека треба да се остави времето да покаже какви промени ќе следуваат.

Слични содржини