Претседателката на Унгарија: Русија постоела и ќе постои, го почитуваме рускиот народ

од Nikola Popovski

Русија има важна улога во процесите во светот, постоела и ќе постои, изјавила за „Коријере дела сера“ унгарската претседателла Каталин Новак.

– Русија е голема земја, на илјада километри од нас и со одредена историска улога, богата култура, која многу се разликува од нашата. Руската економија е една од најсилните во светот. Ние, Унгарците, го почитуваме рускиот народ. Русија постоела, постои и ќе постои. Истото важи и за Унгарија. Двете земји имаа, имаат и ќе имаат односи исто како Европа и Русија или Украина и Русија – рекла таа.

Новак додала и дека Унгарија како членка на ЕУ и НАТО ги поддржува своите сојузници во однос на Украина.

-Ние не само што се залагаме за мир, се залагаме и за прекин на огнот. Ние сме на страната на Украинците, им помагаме и над нашите можности – изјавила Новак.

Да потсетиме, од почетокот на конфликтот во Украина, унгарските власти потенцираа дека нема да доставуваат оружје во Киев, ниту пак ќе дозволат да се транспортира оружје на други земји преку неговата територија.

Слични содржини