Претседателот на Ал-Ахли призна за Винисиус и Осимен

од Vladimir Zorba
38 прегледи

Претседателот на Ал-Ахли, Калед Ал-Иса потврди дека клубот се обидел да ги ангажира Винисиус Жуниор и Виктор Осимен.

Со недели, двојката беше поврзувана со преселба на Блискиот Исток, но на крајот Бразилецот остана во Реал Мадрид, а нигерискиот напаѓач замина на позајмица од Наполи во Галатасарај.

„Сакавме да потпишеме со крило од светска класа како Винисиус, но за време на преговорите се случи нешто неочекувано: нашиот напаѓач Фирас Ал-Бураикан реши да си замине и нашите приоритети се сменија. Веќе требаше да земеме играч на неговата позиција, а не крилен напаѓач. Ги таргетиравме Иван Тони и Виктор Осимен и сето тоа заврши со потписот на Тони“, изјави Ал-Иса.

Медиумите шпекулираат дека Ал-Ахли го искушувал Вини Жуниор со годишна плата од 350 милиони евра.

Осимен за 4 години во Саудиска Арабија ќе добиеше „скромни“ 160 милиони евра, но ниту оваа зделка не се оствари.

Слични содржини