Претседателот на Атлетико: Роналдо кај нас? Некој го измислил тоа!

од Nikola Popovski
233 прегледи

Продолжува сагата за заминувањето на Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед.

Бидејќи во текот на денот на „Олд Трафорд“, Роналдо и неговиот менаџер Жорже Мендеш се сретнаа со извршниот директор на Јунајтед, Ричард Арнолд, за да разговараат за евантуалното заминување, се огласи и челникот на Атлетико Мадрид.

Претседателот на мадридскиот клуб Енрике Серезо даде кратка изјава во која негираше дека клубот сака да ангажира португалскиот фудбалер.

„Не знам кој ја измислил таа приказна за доаѓањето на Кристијано Роналдо во Атлетико Мадрид. Дефинитивно не е вистина. Практично е невозможно тој да дојде во Атлетико Мадрид“, рече Серезо.

Јасно е дека Роналдо не е задоволен од фактот што доколку остане во Јунајтед мора да игра во Лига Европа, нешто што досега не му се случило во кариерата.

По цел месец отсуство, откако клубот имаше прозивка за почеток на подготовките, тој конечно дојде во Манчестер во понеделникот вечерта, за во текот на денот да има клучни разговори со раководството на клубот.

Тој накратко беше на состанокот на Ерик Тен Хаг со играчите, а се верува дека во мисијата да го убеди Роналдо да остане на „Олд Трафорд“ бил вклучен и Алекс Фергусон кој во текот на денот имал состанок во клубот.

Каков е епилогот за Роналдо, останува да видиме, но интересно е што Атлетико, како и некои други клубови досега (Челзи, Баерн), се огради од приказната за можното доведување на повеќекратниот освојувач на Златната топка во своите редови.

Слични содржини