Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер ги коментираше шпекулациите кои се шират во последните неколку дена дека тренерот на тимот, Томас Тухел не се разбира со своите играчи.
– Има многу гласини кои се шират. На крајот мора да победуваме и темата ќе биде затворена. Не треба да бидеме самозадоволни по два порази во низа. Но, исто така, не треба да драматизираме. Имаме 50 бода, но знаеме дека можеме да играме подобро. Мора да го покажеме тоа на теренот, изјави денеска Хајнер.
Тој, исто така, се осврна на слабата форма на германскиот шампион во последно време.
– Јас сум многу самоуверен бидејќи тимот точно знае каде се наоѓа и дека моментално не покажува за што е способен на теренот. Имаме неверојатен број на добри индивидуални фудбалери кои знаат дека денешниот натпревар е многу важен, прокоментира Хајнер пред почетокот на мечот со Бохум.