Претседателот на Бугарското собрание во посета на земјава, ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

од Nikola Popovski
169 прегледи

Претседателот на Бугарското собрание, Росен Желјазков, на 14-ти ноември ќе престојува во работна посета на земјава, соопштиле од прес-центарот на тамошното Собрание. Посетата била на покана на неговиот македонски колега, Талат Џафери.

Во програмата на посетата е предвидено, Желјазков да ја посети црквата Св. Спас“ и да положи венец пред гробот на Гоце Делчев. Желјазков ќе присуствува и на настан во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, каде ќе бидат поделени ваучери за интернет обука на децата со пречки во развојот, нивните родители и наставниците.

Во 11:30 часот, бугарскиот спикер ќе разговара со Џафери. По средбата, претседателите на парламентите на Бугарија и Македонија ќе дадат изјави пред претставниците на медиумите.

Претседателите на законодавните институции на Бугарија и Македонија ќе присуствуваат и на отворањето на изложбата „Сребрена Тракија“ во 13:00 часот во Археолошкиот музеј. Изложбата е организирана од Националниот археолошки институт со музеј при Бугарската академија и ќе бидат претставени 1700 експонати од 18 бугарски национални, регионални и општински музеи.

Слични содржини