Претседателот на Друштвото на писатели: Македонскиот јазик има дијалекти, но не е никаков и ничиј дијалект

од Nikola Popovski
233 прегледи

Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија, Христо Петрески вечерва истакна дека македонскиот јазик има дијалекти, но не е никаков и ничиј дијалект.

-И во иднина, како и досега, ние сите – членовите на Друштвото на писателите на Македонија, ќе создаваме литературно творештво и ќе се трудиме тоа да биде со високи естетски и културлошки вредности. Македонскиот писател и македонската книга се и ќе бидат и во иднина во центарот на вниманието на активностите, заложбите и проектите на Друштвото на писателите на Македонија, објави Петрески.

Тој додава дека македонските писатели се единствени во грижата и одбраната на македонскиот јазик и македонското книжевно творештво, кое се создава во државава, но и на Балканот, во Европа и светот.

-Македонскиот јазик е еден и единствен и македонските писатели создаваат токму на тој јазик. Тоа е јазикот на нашите татковци и мајки, предци и наследници, а нашите литературни дела се значајни и вредни – токму затоа што се создадени на тој наш, роден, изворен, матичен и единствен јазик. Нашите творби и дела се траен влог, сведоштво и доказ за минатото, сегашноста и иднината, потенцира Петрески.

Слични содржини