Претседателот на Естонија: На Украина треба да ѝ се дозволи да гаѓа цели во Русија

од Stefanija Kuzmanovska
315 прегледи

На Украина треба да ѝ се дозволи да ја нападне руската територија со западно оружје, изјави денеска естонскиот претседател Алар Карси на прес-конференција со украинскиот лидер Володимир Зеленски.

Карси најави дека Талин ќе додели 1,2 милијарди евра помош за Киев до 2027 година.

„На Украина ѝ треба повеќе и подобро оружје. Капацитетот на воената индустрија на ЕУ треба да се зголеми за Украина да го добие она што ѝ треба, не утре, туку денес. Не треба да имаме никакви ограничувања кога е во прашање испораката на оружје во Украина“, објасни естонскиот лидер.

Според претседателот на Естонија, земјата има конкретен план за обнова на Украина и смета дека конфискуваните руски средства треба да се искористат за оваа намена, пренесува UNIAN. Тој исто така додава дека украинските власти можат да седнат на преговарачка маса, но само по победа.

Претседателот на Украина изјави дека Русија неодамна употребила севернокорејски ракети за да ја нападне Украина, што вчера го демантираше постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации Василиј Небензја, посочувајќи дека и Украина ги негираше тие обвинувања.

Зеленски исто така додаде дека е точно дека светот не успева да ги наполни украинските магацини (со оружје и муниција), но дека Русија, наводно, исто така има проблеми со дефицитот на оружје. Тој ја негираше опцијата за привремен прекин на огнот на фронтот, бидејќи, според него, тоа ќе биде во корист на Русија.

Од кабинетот на претседателот на Естонија соопштија дека Зеленски денеска пристигнал во таа земја. Предвидено е тој, освен со претседателот, да се сретне и со премиерот и со други официјални претставници, јавува РТ Балкан.

Слични содржини