Претседателот на ФФМ стана член на Комисија во УЕФА

од Aleksandar Petrovski
248 прегледи

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, стана нов член на Комисијата на национални асоцијации на УЕФА.

Оваа комисија е тело кое одлучува за важни прашања поврзани со европскиот фудбал и ги регулира односите меѓу асоцијациите членки на УЕФА со европската куќа на фудбалот.

Од ФФМ велат дека вклучувањето на Сејдини во едно од важните тела на УЕФА е потврда за значајната улога која федерацијата ја има во меѓународните односи, и ќе претставува зајакнување на соработката со останатите фудбалски асоцијации.

Претседател на Комисијата на Национални асоцијации е Сервет Јардимчи, актуелниот предводник на турската фудбалска асоцијација, а во Комисијата се вклучени вкупно 15 членови

Слични содржини