199
Финска ќе помине низ барањата што Турција ги искажа во спротивставувањето на плановите на таа земја и Шведска за влез во НАТО, изјави денеска финскиот претседател Саули Нинисто, по средбата со американскиот претседател Џозеф Бајден и шведската премиерка Магдалена Андерсон во Белата куќа.
„Имаме причина да поминеме низ она што Турција го изрази на соодветен начин, а потоа да ги дадеме нашите јасни одговори“, изјави Нинисто на новинарите, пренесе „Ројтерс“.
По децениска неутралност, Финска и Шведска вчера официјално ја поднесоа својата апликација за влез во НАТО.