Претседателот на Финска: Ќе се договориме со Турција за влез во НАТО

од Stefanija Kuzmanovska
206 прегледи

Финска и Шведска ќе можат да постигнат договор со Турција за забелешките на Анкара за приклучувањето на двете нордиски земји во НАТО, изјави денеска финскиот претседател Саули Нинисто.

„Изјавите од Турција се променија многу брзо и станаа посериозни во претходните денови. Но, сигурен сум дека со конструктивен дијалог ќе ја решиме ситуацијата“, тврди Нинисто, пренесува „Ројтерс“.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган претходно изјави дека неговата земја нема да дозволи Финска и Шведска да влезат во НАТО.

Слични содржини