Претседателот на Финска: Украина има целосно право да ја нападне областа Курск

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Претседателот на Финска, Александар Стуб, денеска изјави дека Украина има целосно право да изврши инвазија во областа Курск, бидејќи Русија редовно го бомбардира Киев и окупира големи области на таа земја.

„Не гледаме причина за ограничување на активностите на Украинците“, рече Стуб на прес-конференција.

Тој исто така рече дека Украина може да го користи оружјето што го снабдува Финска на руска територија.

Слични содржини