Претседателот на Германската фудбалска асоцијација за ограничување на платите

од Vladimir Zorba

Претседателот на Фудбалската асоцијација на Германија, Фриц Келер, ќе му предложи на првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, за ограничување на платите на фудбалерите во Европа.

Келер верува дека поради кризата предизвикана од коронавирусот, сега е вистинското време да се сменат некои работи во фудбалот.

„Фудбалот мора да научи лекции од оваа криза со подобра финансиска контрола и ограничување на платите. Ние мора да го вратиме професионалниот фудбал на луѓето, во нивниот секојдневен свет. Затоа, потребен ни е подобар систем на финансиска контрола и, да, ограничување на платите“, рече Келер на видео-сесијата на германската куќа на фудбалот.

Според извештаите на медиумите, Келер е поддржан од претседателот на Баерн, Карл Хајнц Румениге.

„Има апсурдни плати и такси за трансфери, кои веќе не се кредибилни. Треба да разговараме за лимитите на платите. Драго ми е што се согласувам со Румениге во врска со ова. Ние ќе напишеме писмо до претседателот на УЕФА, Александар Чеферин”, рече Келер.

Слични содржини