35
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес изјави дека претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, истовремено зборува за мир и се заканува.
„Во што треба да веруваме? Од една страна, тој зборува за мир, а од друга страна, се заканува со најсовремени средства за масовно убивање“, рече Пезешкијан, според Ројтерс.
Иранскиот претседател изјави дека Техеран ќе ги продолжи преговорите со САД за неговата нуклеарна програма, но дека не се плаши од закани.