Претседателот на израелскиот парламент: Ако сакате држава Палестина, изградете ја во своите земји!

Наградувањето на Хамас со признавање на палестинска држава нема да донесе стабилност, соживот и соработка, рече Охана.

од desk2
8 прегледи

Амир Охана, претседател на Кнесетот (парламентот) на Израел вчера остро ги осуди сите планови за признавање на палестинската држава. Говорејќи вчера на Светската конференција на претседателите на парламентите на земјите-членки на Меѓупарламентарната унија (IPU) во Женева, тој се нафрли на сите земји кои најавија дека би можеле или дека ќе ја признаат Палестина. Најновите две такви земји се Велика Британија и Франција, а вчера иста најава стигна и од Канада, што повторно го налути претседателот на САД, Доналд Трамп.

„Наградувањето на Хамас со признавање на палестинска држава нема да донесе стабилност, соживот и соработка. Ќе донесе уште убиства на Израелци и Евреи. Ако тоа го сакате, ако го сакате тоа што го нарекувате палестинска држва, изградете ја во Лондон, Париз, во своите сопствени земји“, рече Охана.

Претставниците на Иран, Јемен и Палестинската управа ја напуштија салата во знак на протест во текот на говорот на претседателот на Кнесетот, минувајќи токму пред подиумот на кој беше Охана.

Претседателот на иранскиот парламент: Мора да го запреме Израел, нацистите на 21 век

Претседателот на израелскиот парламент на својот таблет покажа снимка на ирански парламентарци како викаат „Смрт на Израел, смрт на Америка“ во текот на седница на парламентот на Иран во јуни, откако е донесен законот за прекинување на врската со Меѓународната агенција за атомска енергија.

Охана го осуди и својот ирански колега, претседателот на парламентот на Иран, Мохамед Багера Галибаф, кој претходно во својот говор на конференцијата окажа фотографија од „Њујорк Тајмс“ на која е изгладнето дете во Газа.

Израел тврди дека на таа фотографија е дете што боледува од церебрална парализа. „Њујорк Тајмс“ по објавувањето ја измени својата статија – вчера – и додаде дообјаснување дека детето има здравствени проблеми.

„Дури и Њујорк Тајмс тоа денеска го призна. Но Галибаф се фаќа за секоја клевета што му ја пренесуваат лажните медиуми. Срам да ви е!“, рече Охана.

IPU е меѓународна организација на парламентите, има 181 земја-членка, вклучувајќи неколку од Блискиот Исток. Ова е 6. Светска конференција на претседателите на парламентите, Ваквите конференции се одржуваат на секои 5 години. Првата е одржана во 2000 година.

Макрон: Франција ќе ја признае државата Палестина во септември

Слични содржини