Претседателот на Ла Лига: Барса можеше да го задржи Меси

од Vladimir Zorba
158 прегледи

Шпанската Ла Лига потпиша историски договор што треба да и помогне во кризата предизвикана од корона. Американскиот инвестициски фонд CVC ќе отстапи околу 10 проценти од својот профит во следните 50 години во замена за еднократна исплата од 2,1 милијарди евра.

Интересно е што само четири клуба гласаа против договорот, а меѓу нив се Барселона и Реал Мадрид.

Она што особено ги вознемири навивачите на Барселона беше изјавата на претседателот на лигата Хавиер Тебас, кој тврди дека Барселона е виновна за заминувањето на Меси и дека можела да го задржи.

„Јас сум близок со оние кои работат заедно на нашиот заеднички развој и имам право да се среќавам лично и да разговарам“, рече Тебас, обвинувајќи го Перез уште еднаш дека сака да и наштети на Ла Лига со започнување на Супер лигата.

Ла Лига официјално го извести Реал Мадрид за договорот со фондот CVC непосредно пред склучувањето на прелиминарниот договор.

Тој посочи дека Барселона погрешила што не го прифатила договорот со американскиот фонд, додавајќи дека можеле да добијат околу 40 милиони евра наменети за засилувања, кои можеше да ги искористи за да му даде нов договор на Лионел Меси.

Слични содржини