Претседателот на Литванија: НАТО да го зајакне источниот крак доколку Пригожин е во Белорусија

од Vladimir Zorba
669 прегледи

Литванскиот претседател Гитанас Наузеда денеска предупреди дека НАТО ќе мора да го зајакне своето источно крило доколку Белорусија стане нов домаќин на лидерот на паравоената формација Вагнер, Евгениј Пригожин.

„Ако Пригожин или дел од „Вагнер“ заврши во Белорусија со нејасни планови и нејасни намери, тоа само ќе значи дека треба уште повеќе да ја зајакнеме безбедноста на нашите источни граници“, рече Наузеда, пренесе „Гардијан“.

Тој додаде дека не мисли само на Литванија, туку на целото НАТО.

Слични содржини