Претседателот на палестинската управа повика на итен прекин на огнот во Појасот Газа

од Stefanija Kuzmanovska
206 прегледи

Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас повика на итен прекин на огнот во Појасот Газа на состанокот со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Рамала, јави ДПА.

Абас, исто така, повика да се дозволи поголема помош и гориво во крајбрежната област, која е под блокада од Израел.

На средбата со американскиот државен секретар на Западниот Брег , Абас навел дека палестинската управа е подготвена да преземе целосна одговорност за Појасот Газа како дел од сеопфатното политичко решение.

Тоа политичко решение би ги вклучило окупираниот Западен Брег, Источен Ерусалим и Газа по завршувањето на израелската војна против Хамас, кој владее со Газа.

Абас нагласи дека безбедноста и мирот може да се постигнат со ставање крај на израелската воена контрола врз територијата на „државата Палестина“ и признавање на Источен Ерусалим за нејзин главен град, пренесоа израелските медиуми.

Тој, исто така, повтори дека Палестинската ослободителна организација е единствениот легитимен претставник на палестинскиот народ и единствениот кој одлучува.

Слични содржини