Претседателот на ПАО: Не броиме победи и порази, само освоени пехари

од Vladimir Zorba

Претседателот на Панатинаикос, Димитриос Јанакопулос имаше причина да биде среќен откако неговиот тим триумфално се врати на тронот на европската кошарка по пауза од 13 години.

„Детелините“ го кренаа трофејот во Евролигата по победата над Реал Мадрид со 95:80 во финалето во Берлин.

„Не броиме победи и порази, само освоени пехари. Ние сме Панатинаикос. Не може никому да му се посвети трофејот, тој му припаѓа на тимот. Покажавме дух и успеавме да ги победиме. Вечерва ќе славиме, но од утре почнуваме да размислуваме за финалето во грчкото првенство“, изјави Јанакопулос по финалната сирена.

Слични содржини