Претседателот на унгарскиот парламент Ласло Ковер го потпиша законот за ратификација на шведската кандидатура за членство во НАТО, кој беше одобрен од Парламентот на 26 февруари и го проследи на објавување до Кабинетот на претседателот на Унгарија, соопштено е денеска на веб-страницата на Собранието.
Унгарскиот претседател сега има рок од пет дена да го објави законот, пренесува Ројтерс.
На 26 февруари, членовите на унгарскиот парламент го одобрија влезот на Шведска во НАТО, со што беше отстранета и последната пречка за членство на Шведска во Алијансата, чија воена неутралност траеше низ двете светски војни и Студената војна.