Претседателот на Полска: Падот на проектилот веројатно бил несреќен инцидент

од Stefanija Kuzmanovska
161 прегледи

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска повторно ѝ се обрати на јавноста во врска со синоќешниот инцидент во кој две ракети паднаа на полско тло.

„Нема причина да се верува дека ракетниот инцидент бил напад врз Полска“, рече Дуда.

Тој додаде и дека ракетата „најверојатно е од руско производство, но немаат докази дека Русите ја истрелале“.

Тој исто така наведе дека проектилот најверојатно бил користен како дел од украинскиот одбранбен систем.

Она што е клучно, како што рече Дуда, е дека нема докази дека станува збор за намерен напад и дека во моментов нема потреба да се „активира Членот 4“ како дел од процедурите на НАТО.

Слични содржини