Претседателот на ПСЖ: Меси? Никогаш не зборувам за тековни преговори

од Vladimir Zorba
237 прегледи

Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, зборуваше за „Л’Екип“ за иднината на клубот со кој управува, а најинтересен беше делот во кој откри идеи поврзани со Килијан Мбапе. На патот, тој одговори на прашање за Лионел Меси.

Мбапе се споменува веќе некое време во контекст на напуштање на францускиот клуб. Тој има договор со него само уште за следната сезона, наводно одбил неколку продолжувања на соработката затоа што би сакал трансфер во Реал Мадрид. Ал-Келаифи тврди дека тоа нема да се случи.

„Ќе бидам јасен, тој останува во Париз. Никогаш нема да го продадеме и никогаш нема да си замине бесплатно. Париз нуди сè што му треба, а и каде би отишол? Кој клуб по амбиција може да се спореди со ПСЖ? Сè што ќе кажам е дека напредуваме добро и се надевам дека наскоро ќе постигнеме договор за продолжување. Ова е Париз и ова е неговата земја. Тој има поголема мисија од играње фудбал, мисија за промовирање на Лига 1, неговата земја и неговиот град“, рече Ал-Келаифи, кого го прашаа дали може да го донесе Меси во клубот.

Аргентинскиот напаѓач има договор со Барселона до крајот на јуни, а тој се уште нема потпишано продолжување.

„Меси? Никогаш не зборувам за тековни преговори “, изјави претседателот на ПСЖ, без да објасни дали мисли на преговорите на неговиот клуб со него или на преговорите на Меси со Барселона.

„Му реков на претседателот на Барса дека неговиот договор е при крај и дека сите клубови можат да преговараат со него од почетокот на годината. Она што можам да го кажам е дека сите најдобри играчи сакаат да дојдат во ПСЖ. Не го кажувам ова како одговор на прашање за Меси. Не е можно да се донесе баш секој. А тој е фантастичен играч“, заклучи Ал-Келаифи.

Слични содржини