Претседателот на Севиља ги демантираше шпекулациите за Лопетеги

од Vladimir Zorba
270 прегледи

Вчера се шпекулираше дека Хулен Лопетеги би можел на лето да ја напушти екипата на Севиља и тој самиот има желба да го стори тоа. Сепак, оваа информација беше целосно демантирана од претседателот Хозе Кастро, кој рече дека е уверен дека тренерот ќе остане на „Рамон Санчез Писхуан“ до крајот на договорот.

„Апсолутно сум убеден дека ќе играме во Лигата на шампионите. Ова е она кон што гледам и кон победување на натпреварите до крај, за да го оствариме тоа. Да не ги гледаме натпреварите што ги одигравме лошо, пред десетина дена навивачите го скандираа неговото име. Сепак, ние не сме навивачи, туку менаџери и лидери, а тој има уште две години договор. Тоа е истиот Лопетеги за кој скандираа навивачите, кој не натера да сонуваме, со кого победивме во Келн (финалето на Лига Европа против Интер), со кој досега сме примиле најмалку голови во Ла Лига. Во моментов не ни оди најдобро, но тоа е фудбалот. Би сакале да зборуваме за одлични натпревари, но никогаш во животот не сум видел толку многу повреди. Сето ова мора да се земе предвид“, изјави Кастро.

Лопетеги постигна голем број успеси на чело на тимот од Андалузија, но во текот на оваа кампања не се претставија на познатото ниво, иако се уште се трети во поредокот и многу блиску до учество во Лигата на шампионите.

Слични содржини