Претседателот на Шри Ланка побегна од земјата

од Nikola Popovski
292 прегледи

Незадоволството во Шри Ланка се влоши во последните недели бидејќи земјата ги затвори училиштата и го рационализираше горивото, при што инфлацијата достигна речиси 55 отсто во јуни.

Претседателот на Шри Ланка, Готабаја Раџапакса побегна од земјата, пренесе синоќа Би-Би-Си. Неговиот брат, поранешниот министер за финансии, Базил Раџапакса, исто така ја напуштил земјата.

Демонстрантите бараа претседателот и премиерот да си заминат или ќе се соочат со многу поголеми демонстрации.

Според Би-Би-Си, се очекува и премиерот да ја напушти земјата.

Претседателот на Шри Ланка претходно вети дека ќе поднесе оставка. Неговиот помлад брат бил спречен да ја напушти земјата пред 24 часа, но сега наводно е на пат за САД.

Земјата со 22 милиони жители се бори со сериозен недостиг на девизи што го ограничи суштинскиот увоз на гориво, храна и лекови, втурнувајќи ја во најголемата економска криза од независноста во 1948 година.

Многумина за ова го обвинуваат претседателот Раџапакса, а воглавно мирните протести се водат уште од март.

Незадоволството се влоши во последните недели бидејќи земјата ги затвори училиштата и ја рационализираше потрошувачката на гориво, при што инфлацијата достигна речиси 55 отсто во јуни.

Слични содржини