Претседателот на Совет на родители на ОУ „Владислав Рибникар“: Да се почека уште неколку дена за настава

од Stefanija Kuzmanovska
321 прегледи

Претседателот на Советот на родители на ОУ „Владислав Рибникар“ на Врачар, Игор Ѓорѓевиќ, изјави дека треба да се почека уште неколку дена пред да се продолжи со наставата, пренесе „Танјуг“.

„Проценето е дека треба да почекаме уште неколку дена, да избереме институција која е поблиска на децата по сензибилитет. Најважно е ваквата одлука да биде донесена во договор со родителите“, вели Ѓорѓевиќ.

Да потсетиме, Коста К.(14) упадна во училиштето и со истрели од пиштолот на татко му уби девет лица, а рани шестмина. Потоа повикал полиција и пријавил што направил. Полициски службеници објавија дека ученикот долго време го планирал делото и дека имал список со ученици кои планирал да ги ликвидира.

Слични содржини