Претседателот на Спортинг Лисабон, Бруно де Карваљо размисли и ја поништи одлуката да ги отстрани од тимот речиси сите носители поради слабата игра при поразот од Атлетико Мадрид со 0:2 во Лига Европа.
Поразот го налути клупскиот шеф и тој обвини некои од играчите дека не дале се од себе за тимот.
Де Карваљо објави пост на Фејсбук, со кој ги критикува играчите, нарекувајќи ги разгалени деца. Тоа предизвика реакција и 19 играчи на Спортинг ја објавија истата порака во социјалните мрежи, со што се заканија да го бојкотираат тренингот на тимот, додека претседателот не им се извини.
Подоцна де Карваљо ја преиспита својата одлука, го избриша постот и овозможи на тренерот Жорже Жезус сам да пресуди кои играчи да влезат во групата за претстојниот шампионатен натпревар во Португалија против Пакош Фереира.
„Имавме состанок и тоа што разговаравме останува меѓу нас. Најважно е што претседателот ми даде право да одлучам на кои играчи ќе се потпирам“, рече Жесус на прес-конференцијата пред натпреварот со Пакош Фереира.