Претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас ги повика вчера развиените економии да ја зголемат помошта со храна за земјите во развој и да работат на зголемување на производството на храна, енергија и вештачки ѓубрива за да го надоместат недостигот и растот на цените поради конфликтот во Украина.
Малпас рече дека плаќањето во готовина или ваучери ќе биде добар начин да им се помогне на земјоделците во сиромашните земји да купат вештачко ѓубриво и да се обезбеди континуирано производство на храна, пренесе Ројтерс.
Директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева на истиот состанок рече дека кризата го продлабочува јазот меѓу богатите и сиромашните земји и дека е клучно да се диверзифицира производството на храна, енергија и ѓубрива за да се намали зависноста од Русија.