Претседателот на Европската фудбалска цемтрала (УЕФА), Александар Чеферин, најави основање на ново натпреварување на Стариот континент.
Во изјава за германското списание „Кикер“, тој не сакаше да открие детали.
„Сè уште размислуваме за други идеи, но е прерано да откриеме нешто. Сосема е јасно дека нема да го зголемиме бројот на натпревари. Но, ќе се појави нешто што ќе направи сè многу поинтересно“, објави Чеферин.
„Тешко е да се зборува за натпревари кои сè уште не започнале. Но, тимовите дефинитивно ги сакаат, особено најголемите“, додаде 57-годишниот Словенец.
Во Европа, клубовите од врвните лиги веќе се натпреваруваат во Лигата на шампионите, Лигата Европа и Лигата на конференции, додека националните тимови се натпреваруваат во Лигата на нации, објави СТА.