Претседателот Пендаровски ги поздрави активностите на Македонската горанска заедница насочени кон градење на врски меѓу С. Македонија и Косово

од Aleksandar Petrovski
122 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација на Македонската горанска заедница од Косово, информираат од неговиот Кабинет.

Претставниците на Македонската горанска заедница Авнија Рахте, претседател на заедницата, Кенан Скендароски и Аце Димоски, додаваат, го информираа претседателот Пендаровски за нивните активности за заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски и историски идентитет, континиуитет и наследство на Македонците во Косово.

-Претседателот Пендаровски ги поздрави активностите на Македонската горанска заедница насочени кон градење на врски меѓу Северна Македонија и Косово, заложбите за придонес кон градењето на мултиетничко и мултикултурно општество преку различните иницијативи за афирмација на македонската заедница во Косово, стои во соопштението.