Претседателот Пендаровски го прими амбасадорот на Полска, Војциех Тицињски

од Vlatko K
129 прегледи

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска го прими амбасадорот на Република Полска, Војциех Тицињски.

Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, на средбата тие изразиле задоволство од развојот на соработката меѓу двете земји, што се карактеризира со искрено пријателство, меѓусебна почит и доверба.

– Претседателот истакна дека Северна Македонија високо ја цени јасната поддршка и помош од Полска за добивање датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија, потенцирајќи дека само интегриран регион може да биде стабилен и просперитетен.  Двајцата соговорници констатираа дека во иднина треба да се посвети внимание на унапредување на економските односи и соработка помеѓу двете држави, се наведува во соопштението.

Амбасадорот Тицињски упати честитки до претседателот Пендаровски по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во вршењето на должноста.