Претседателот Пендаровски на Денот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери

од Radmila Tasevska
212 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери.

Со настанот се дава значење на постигнатите достигнувања преку доделување на годишни награди во знак на благодарност и почит за творештвото во градежништвото во земјава и пошироко на заслужен архитект и инженер во четири области: архитектура, градежништво, машинство и електротехника.

„По повеќе од деценија и половина постоење, со околу 3.700 активни членови, поделени во 12 професионални одделенија, Комората несомнено е еден од најзначајните двигатели на развојот на македонското инженерство и архитектура кои се пак едни од најзначајните професии во секоја развиена држава. Впрочем, токму инженерството, моторот на техничко-технолошкиот развој на секое општество, го движи човештвото напред и се справува со предизвиците кои се исправаат меѓу човекот и природата“, речепретседателот.

Тој посочи дека„инженерството има решенија за превенирање на климатските промени, без него човекот би бил апсолутно мал, немоќен и безначаен пред силите на природата. Во денешнинава полна со неизвесности и закани од секаков вид, инженерството ја има клучната улога во изнаоѓање на механизми за одржување на екосистемот од кој сме дел“.

Обврска, на сите архитекти и инженери, пред се морална, е да ја стават својата професија во служба на безбедноста и здравјето на луѓето, заштита на животната средина, но и во функција на создавање на подобри услови за живеење. Следењето во чекор на сите современи информатичко – технолошки иновации во светот е секако ваш врвен приоритет. Дигитализацијата на процесите во сите сфери на нашето живеење не е повеќе прашање на избор, туку реалност и предуслов за опстанок. Она што се нарекува Building Information Modeling, технологиите и сите софтверски алатки неопходни за дигитализација на процесите во инженерството, со сигурност се главните предизвици за вас кои веќе го детерминираат развојот и на архитектурата и на градежното инженерство“, вели Пендаровски. 

Слични содржини