145
Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР).
На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните активности на мисијата, составена од 12 меѓународни експерти, 20 долгорочни, како и 300 краткорочни набљудувачи кои ќе пристигнат во државата еден ден пред гласањето.
Претседателот Пендаровски изрази очекување дека државата ќе организира фер и демократски изборен процес, со високи стандарди, во согласност со очекувањата од земја-членка на НАТО и земја-кандидат за членство во Европската Унија.