Претседателско одличје од Софија за Македонската патриотска организација во САД

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Современа Бугарија е должна  за сè што Македонската патриотска организација како бугарска организација отелотворува, симболизира и има направено во текот на години . Ова се наведува во честитката  на претседателот Росен Плевнелиев до раководството и членовите на МПО .

430x208 (1)

Шефот на државата истакна дека денес тие се оние кои имаат авторитетот и историската мисија да работат за единство, независно од државните граници и географски растојанија.

Плевнелиев ја удостои организацијата со честа знак на претседателот на Република Бугарија за нејзината улога за чување на бугарскиот дух, култура и традиции меѓу иселениците во САД и Канада од географската област Македонија.

Организацијата е основана во САД во 1922 година од наши сонародници, го пренесуваат претседателскиот допис, бугарските медиуми. Таа си постави за цел да се задржи и  да ја шири меѓу генерациите историската меморија, традициите, верата и бугарскиот јазик, наведуваат уште претседателството.

Со почесниот знак е награден и претседателот на организацијата Џордан Лебамоф.

Одличјето го врачи вонреден и ополномоштен амбасадор на Бугарија во Рим Марин Раиков. Тој учествуваше како специјален претставник на претседателот на Бугарија на  94-aта годишната конференција на Македонската патриотска организација.Форумот се одржа во градот Детроит, државата Мичиген, САД.

Во него учествуваа над 100 претставници од САД и Канада.