Во пресрет на почетокот на Европското првенство во фудбал, до кој не делат само 29 дена, беше претставена официјалната химна на натпреварувањето. Песната наречена „Ние сме народот“ е потпишана од холандскиот диџеј Мартин Гарикс, а ја отпеа фронтменот на У2, Боно Вокс, придружуван од гитаристот Еџ.
Песната, наводно, била снимена дури и пред избувнувањето на пандемијата на коронавирус во Монако.
Патем, 25-годишниот диџеј Мартин Гарикс откри дека бил во неверување кога У2 се согласиле да соработуваат само шест часа откако им испратил е-пошта. Следел повратен телефонски повик.
– Морав да го исклучам микрофонот на мојот мобилен телефон за да можам да врескам, а потоа повторно да го вклучам, изјави диџејот, кој работел на песната три години и даде понуда до У2 затоа што верувал дека е во нивни стил.
– Викотниците на навивачите ги обединуваат музиката и фудбалот, а тоа толку многу ни недостасуваше во оваа пандемија, изјави популарниот Боно.