Претставничката на УНИЦЕФ Патриција Ди Џовани укажа дека лани во државата 52 недели отсуствувала настава со физичко присуство, додека во Европа само 24 недели и дека треба да се компензира изгубеното и училиштата да бидат отворени за учениците.
„Сите препораки што беа дадени веќе се аплицирани во училиштата во земјава и ќе се спроведат. Мислам дека сме подготвени. Иако дигиталното учење и онлајн учењето е многу добра алатка за учење, никогаш не беше предвидено да стане единствена алатка за учење. Свесна сум дека родителите се згрижени дали нивните деца ќе успеат да ги спроведат сите мерки. УНИЦЕФ минатата година направи студија која покажа дека 88 отсто од родителите рекоа дека наставата којашто се одвиваше во училниците беше спроведена според прописите. Тешко е, но ни останува нам возрасните да бидеме пример за децата во спроведувањето на мерките за претпазливост“, рече Ди Џовани.