Претставничкиот дом ја подготвува процедурата за отповикување на американскиот претседател

од Aleksandar Petrovski
303 прегледи

Одборот за процедурални прашања при Претставничкиот дом денеска дебатира за процедурата која Долниот дом на американскот Конгрес во полн состав треба да ја испочитува при гласењето за отповикување на претседателот Доналд Трамп.

Гласањето е закажано за утре, и се очекува да оди по строго партиска линија – демократите треба да го одобрат импичментот, наспроти забелешките на републиканците.

Денешнатта дебата следи по вчерашното објавување на извештај од 658 страниц во кој демократите детално ги изложија двата предмета по кои се подигнати обвиненија против претседателот – за злоупореба на надлежностите и опструкција на работата на Конгресот.

Официјалниот претставник на Белата куќа, Стефани Гришам, ги искритикива аргументите на демократите.

-За среќа, народот во оваа земја сеуште смета дека ова не е ништо друго туку партиска лага, изјави таа.

Во меѓувреме, лидерот на малцинството во Сенатот, Чак Шумер, испрати писмо до лидерот на мнозинството, Мич Меконел, повикувајќи го да испрати покани до повеќемина клучни фигури од Администрацијата на Трамп кои не дадоа искази во рамките на истрагата спроведена од Претставничкиот дом.

Меконел смета дека постои можност за брзо одлука на Сенатот без повик на сведоци, изјавувајќи дека тој ќе ги координира напорите со Белата куќа за да планирање на процесот.

Претседателот Трамп денеска уште еднаш истакна дека неговото отповикување од функција е „лакрдија на демократите кои се невообичено обединети во нивната намера“.

Слични содржини